ПМФЛ: Шкендија го реши Пелистер, трите бода заминаа за Тетово! (ВИДЕО)

531

Пелистер – Шкендија 0:1 е епилогот од последниот меч од 15.коло во ПМФЛ кој се одигра во Битола под светлоста на рефлекторите.

Победа и три бода доволни за Шкендија повторно да биде лидер на табелата или да ја дели таа позиција со Гостивар и Силекс, сите по 30 бода, но тетовци имаат нешто подобра гол разлика, поточно имаат постигнато повеќе голови.

Мирен почеток, без некоја закана или шанса. Шкендија привидно ја имаше иницијативата, но се беше бадијала. Првата шанса ја имаа домашните кога Гроздановски во 29.минута шутираше со глава за малку покртај десниот дирек на тетовци. Три минути подоцна Фитон Адеми се повреди, па мораше да го напушти теренот а место него во игра влезе Бесарт Ибраими.

Во 36.минута Шкендија дојде во водство, откако една одбиена топка дојде до Флорент Рамадани кој успеа да ја затресе мрежата на голманот Димовски.

Некоја минута зицер за Пелистер, Талевски се најде сам пред Амзаи, но во последен момент му беше избиена топката, малку недостигаше да биде 1:1. Шкендија постигна уште еден гол преку Цаке, но сепак истиот беше поништен, бадијала реакциите на гостите од Тетово.

Па така на пауза се замина со тие 0:1.

Второто полувреме Пелистер го започна нешто поотворено, немаше веќе што да брани. Имаше и шанси, како на едната така и на другата страна. Се играше за да се постигне гол за израмнување на домашните и за гол за да се дојде до 0:2 за гостите.

Како што одминуваше времето Пелистер се повеќе се ориентираше на нападот, се редеа акции пред гостинскиот шеснаесетник, но гол немаше и немаше. Тука беше и поддршката од трбините.

Во 77.минута имаше спорен момент. Ристевски играше со рака во својот шеснаесетник, но не беше покажан пенал за Шкендија. И ако не беше внатре, тогаш тоа беше слободен удар за гостите, но играта продолжи.

Каква шанса за домашните во таа 90.минута кога Фернандињо имаше зицер, речиси празен гол, но сепак не успеа да погоди, тоа беше само корнер за Пелистер.

Па така останаа тие 0:1 за Шкендија, сосема заслужена победа на тетовци.

ТАБЕЛА

Шкендија 30, Гостивар 30, Силекс 30, Работнички 28, Струга ТЛ 26, Шкупи 16, Пелистер 16, Брера 16, Беса 13, Воска 12, Вардар 12, Тиквеш 11.

ПретходноДарио Ивановски го освои третото место на Белградскиот полумаратон
СледноПолска ја порази Естонија и не остави во трка за Евробаскетот 2025