Обединување: Со сите сили, но и со Стефан и Адеми во лов на СП

1289

По денешниот состанок на новото раководство на Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на нашата А-фудбалска репрезентација Благоја Милевски, сериозно се отвора пат за враќање на две големи ѕвезди на нашиот фудбал во националниот дрес. Како што и неколку пати изминативе два дена потенцираше новиот прв човек на македонскиот фудбал, Масар Омерагиќ и новиот директор на националните репрезентации, Горан Пандев, Македонија мора да смета на сите најдобри фудбалери во националниот состав.

Според информациите кои стигнуваат од ФФМ, Стефан Ристовски и Аријан Адеми има големи шанси да се вратат во националниот тим веќе за првите мечеви од квалификациите за СП 2026. Останува само да се почека официјалната потврда.

Претходно„СпортСпорт“ дознава: Вардар пред потпис со репрезентативниот голман Шишковски
СледноБуфон: Јуве нема да најде подобар од Мота, тој е како Алегри