Добри вести за Барселона и Араухо

707

Роналд Араухо не е потешко повреден. Синоќа тој излезе пред време на дуелот со Севиља кој Барселона го доби со 1:4, и иако првично се стравуваше од нешто посериозно сепак, тоа не е случај.

Араухо беше подложен на медицински тестови денеска, а истите покажаа дека има истегнување на лигаментите на скочниот зглоб.

Лекарскиот тим на Каталонците ќе ја следи неговата состојба во наредните денови, но можно е да му биде на располагање на Ханси Флик за следниот првенствен натпревар против Рајо Ваљекано.

Араухо пропушти голем дел од тековната кампања поради повреда здобиена за време на Копа Америка.

ПретходноНеста повторно е тренер на Монца
СледноЕве што им кажа тренерот на Плимут, инаку Босанец, на своите играчи откако го победија Ливерпул! (ВИДЕО)