Евролига: Партизан ја прекина серијата порази, Ц. Звезда загуби во Дубаи

141
фото: KK Partizan (X)

Кошаркарите на Партизан победија со 78:76 против Монако во десеттото коло од Евролигата и ја прекина серијата од четири последователни порази. Домашните имаа голема предност, но во финишот Монако успеа да дојде до егал завршница, па Партизан, сепак, со два поени во финишот да ја обезбеди победата.

Вашингтон со 22 поени ги предводеше белграѓани, додека кај Монако Миротиќ постигна 17.

Вчерва победа на домашен терен оствари и Фенербахче кој беше подобар од Макаби ТА со 84:75. На оваа средба кај турскиот состав Балдвин беше најефикасен со 17 поени.

Ц. Звезда загуби на гостувањето во Дубаи со 102:86, додека домашна победа обезбедија и Хапоел ТА и Валенсија. Израелците славеа над Басконија со високи 114:89, доддека Виртус Болоња беше подобар од Анадолу Ефес со 99:89.

ПретходноФудбалер на Барнли се соочува со суспензија затоа што плукал кон навивачи на Лидс
СледноЛоботка се жали од високите барања на Конте: Не можам да издржам физички!