Зимското национално ватерполо првенство 2025 заврши, првенство кое е точно мерило за напредокот на сите македонски клубови и кое беше најбројно до сега каде настапија вкупно 5 ватерполо клубови. Вардар е државен првак во 3 категории односно во 2013+, 2011+, 2009+.
Покрај екипните награди овој тим се закити и со 5 индивидуални награди:
Во 2013:
Најдобар стрелец – Матео Ѓуравчевиќ
Најдобар голман – Павел Цветковски
Во 2011:
Најдобар играч – Михаил Влахов
Најдобар голман – Видан Јакимовски
Во 2009:
Најдобар играч – Стефан Цветковски
„Нашите цели за 2025 година се 100% исполнети, по завршувањето на зимското првенство во 2024 каде бевме прваци само во една категорија (2009+) си поставивме јасна цел што сакаме од зимското национално првенство во 2025 година а тоа е апсолутна победа, целта е остварена во целост“, порачаа од Вардар.










