На 41. годишна возраст, американката Линдзи Вон денеска во Сент Мориц, Швајцарија успеа да победи на спустот кој што се возеше во рамките на ФИС светскиот куп.
Американката стигна прва на целта со време од 1:29:63 што беше за цели 98 стотинки подобро од второпласираната Магдалена Егер од Австрија.
На третата позиција со заостанување од 1.16 се пласираше нејзината сонародничка Мирјам Пучнер.
Во генералниот пласман води американката Микаела Шифрин со 495 бодови пред Лара Колтури од Албанија со 302.










