Мохамед Салах се врати во тимот на Ливерпул

90
фото: Liverpool FC (X)

33-годишниот крилен напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах, е вклучен во составот на „црвените“ за натпреварот против Брајтон, објави Фабрицио Романо.

Крилниот напаѓач не беше вклучен во составот за претходниот натпревар од Лигата на шампионите против Интер (1-0) по интервјуто во кое ги критикуваше клубот и тренерот.

Беше објавено дека Салах денес ќе има разговор со Арне Слот на кој очигледно има напредок во меѓусебните односи.

ПретходноТаеквондистот Блажевски освои бронза на ЕП до 21 година
СледноСП 2025: Франција поразена, Германија го напаѓа светскиот трон