Петар Цеков собори македонски рекорд на првиот ден на Зимското национално првенство

61
фото: Национална Пливачка Федерација (FB)

Уште на првиот ден на Зимското национално првенство во пливање, беа поставени три нови национални рекорди.

Пливачот на ПК Вардар 2018 и еден од најуголемите македонски таленти на долги патеки, Петар Цеков во дисциплината 1500 метри слободно постави нов младински и сениорски рекорд со време 15:35.39 минути.

Одличен настап денеска имаше и пливачот на ПВК Орион, Дамјан Станковски кој постави нов рекорд во дисциплината 50 метри градно во категоријата постари пионери со време 30.53 секунди.

Зимското национално првенство во пливање за 2025 година се одржува во СЦ „Борис Трајковски“ со учество на речиси 600 пливачи од 33 клуба.

ПретходноАлкалоид лесно се справи со МРК Куманово
СледноМората се повреди, следува пауза од два месеци