Вечерва во Битола, во последниот меч од 3.коло во ТОП 6 фазата во нашата кошаркарска елитна лига, по малку неочекувано, кошаркарите на Пелистер лесно дојде до победа против составот на ТФТ со резултат 105:69.
Веројатно тимот од скопско Тафталиџе и тоа како е со мислите во финалната серија во АБА2, каде за неколку дена ќе го пречека тимот на Широки во битката за историска пласман во елитната регионална лига.
Од друга страна битолчани, иако за нив мечот немаше резултатско значење, одиграа квалитетен меч и во ниту еден момент нивната победа не беше доведена во прашање.
Пелистер првиот период го доби со 32:17, и тука беше јасно кој ќе слави победа на овој меч, кој требаше да биде дерби на колото. Втората четвртина домашните ја добија со +14 поени разлика, па во “второто полувреме“ беше само рутинско одработување на мечот. Иако треба да се каже дека гостите го добија третиот период со 12:16.
Кај домашниот состав Вилсон и Дејвис запишаа по 20 поени, додека кај гостите Стојаноски постигна 16 поени.










