Струга ТЛ со рутински триумф над Силекс (ВИДЕО)

116

Во меч во кој постоеше на теренот во Струга, реално само еден тим, домаќинот Трим Лум во рамките од новото 29. коло од ПМФЛ шампионатот успеа полесно од очекувањата да го совлада тимот на Силекс.

Кратовци во Струга денеска настапија со видно изменет состав, во кој многу од стартерите беа на клупата, па и изходот на овој дуел токму поради тоа и не треба да изненади.

Наместо рововска битка, денеска во Струга видовме рутински триумф на домаќинот. Маудо во 21. минута со глава погоди за водство по центаршутот на искусниот Буњамин Шабани.

На полувреме домаќинот замина со минимално водство, кое што еден од најдобрите голгетери во лигата сезонава, Христијан Малески го удвои во 56. минута. Силекс и онака не можеше да се справи со домаќинот и со минимална негатива, а по голот на Малески веќе и се беше решено на овој дуел

Со оваа победа Струга Трим Лум собра вкупно 62 бода и е стандардно трета, но сега со десет бодови предност токму од тимот на Силекс кој што има 52 и е четврти.

 

ПретходноЦелје го чека „пекол“ во Охрид, салата „Билјанини извори“ е распродадена
СледноЦентарот за Едукација на тренери започна со обука на нова, 18. генерација кандидати за УЕФА А лиценца