Валенсија сега се фали со Македонецот: Светот на Столе!

392

Па, редно беше. Конечно им текна во Валенсија каков голман имаат во Македонецот. Ако до пред неколку месеци, па и недели тој беше во немилост кај стручниот штаб, работите и како се променија. Кога Столе Димитриевски доби шанса, и тоа како покажа дека е екстра голман, дека до пред некоја сезона беше еден од најдобрите голмани во Ла Лига и дека за него силно заинтересирана беше и една Барселона, имаше и преговори додека беше тој дел од Рајо Ва љекано.

Сега Македонецот е херојот на Валенсија и медија – тимот на клубот од “Местаља“ знаеше како фо пофали Столе. Да потсетиме во минатото коло беше во тим на колото во Ла Лига, а овој викенд со фантастични одбрани успеа да му помогхне на својот тим да победи против Џирона со 2:1.

СВЕТОТ НА СТОЛЕ ИЛИ STOLEWORLD напишаа на Инстаграм луѓето од Валенсија а во коментарите фановите го поздрадуваат Столе и му честитаат. ンミ

ПретходноБарди со супер асистенција го “поздрави“ Трабзонспор! (ВИДЕО)
СледноЈетон Беќири: Недозволиво е Шкендија да прима вакви голови, јасно дека одговорноста е моја!