Голема победа на Пелистер на гостувањето кај МЗТ Скопје од во натпревар од 4. коло во Топ 6 фазата во Супер-лигата. Битолчани славеа со 74-85. Избраниците на Боро Даскаловски ги заслужија бодовите, беа подобар противник во голем дел од натпреварот. Одиграа одличен меч и со цел плен се враќаат од Скопје. Актуелниот првак остана без шанса да се бори за првото место пред плеј-офот, што значи дека против истиот ривал ќе игра во полуфиналето.
Дејвис имаше 18 поени, додека Митревски 17 поени кај победникот. На другата страна Смит запиша 19 поени.
Ова беше натпревар со бројни пресврти. Домаќинот по првата четвртина водеше со 21-18, но следеше одговор од страна на битолчани од 16-28 во вторите 10 минути и
Во третиот период актуелниот првак отвори со 12-0 серија за целосен пресврт и водство од 47-46. На другата страна на битолчани им беа потребни четири минути за да ги постигнат првите поени во овој дел, тоа го стори Дејвис.

Во последните десет минути предноста ја имаше Пелистер, кој со серија од 7-0 дојде на нови плус седум (54-61). Никој не очекуваше дека МЗТ Скопје ќе остане немоќен во продолжение, а дека гостите ќе издоминираат и ќе дојдат до убедлива и двоцифрена победа.










