Стандардниот сезонава член на Брера, Зоран Ивановски поради повреда на ребрата здобиена на дуелот со Пелистер на домашен терен во изминатото коло, нема повеќе да се појави во дресот на овој клуб до крајот на натпреварувачката сезона.
Ивановски се повреди во дуелот со голманот на Пелистер, и беше пренесен во болница со амбулантно возило.
Од Брера велат дека му даваат целосна поддршка на Ивановски и дека го чекаат што побргу да се врати на терените.















