Босанците го поместија стартот на пријателскиот меч со Македонија

152
ФОТО: FFM.MK

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина го промени распоредот на пријателскиот натпревар против Македонија, кој ќе се игра на 29 мај на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“.

Натпреварот требаше да започне во 18 часот, но денеска Босанците објавија дека времето на почеток е поместено за 20:30 часот.

„Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина ја информира јавноста дека, по договор меѓу претставниците на НС БиХ и Фудбалската федерација на Македонија, со согласност на двете асоцијации, има промена во распоредот на пријателскиот натпревар меѓу репрезентациите на Босна и Херцеговина и Македонија“, соопштија од куќата на фудбалот во Босна и Херцеговина.

ПретходноДербито меѓу Алкалоид и ГРК Охрид во вторник во Автокоманда
СледноРаботнички ја доби драмата со Наковски Волеј и израмни на 1:1 во финалето на плеј-офот