Васоски: Нашата примарна цел е остварена, одиме во Скопје против Вардар да одиграме растеретено

88

Тимот на Силекс и официјално е дел од финалето на Купот на Македонија. Кратовци беа подобри во двомечот со второлигашот Охрид, и сега на избраницте на тренерот Александар Васоски не им преостанува ништо друго освен во мир да се подготвуваат за тој финален дуел против Шкендија.

Во меѓувреме секако, треба да се доигра и ПМФЛ шампионатот, каде што Силекс со оглед на супер позицијата на табелата во последните три кола игра против Вардар, односно, Арсими и Македонија ЃП.

В сабота од 16:00 часот е закажан дуелот против Вардар, а истиот се игра на Арената Тодор Проески.

„Со оглед на тоа дека нашата примарна цел, а тоа беше влез во финалето на Купот и стремењето на излез во Европа преку ова натпреварување е обезбедена, тоа не значи дека ние ќе ги запоставиме овие три последни мечеви кои што ни се на програмата во ПМФЛ шампионатот.

Почнувајќи од овој дуел против Вардар, за кој што сметам дека ќе биде секако интересен и добар фудбалски дуел. Ние ја имаме таа предност што ќе играме растеретено, и без притисок, додека на Вардар, сепак бодовите му се и тоа како потребни. Секако дека во Скопје доаѓаме да не загубиме, а уште подобро, ако може и да победиме“ – вели стартегот на Силекс, Александар Васоски.

 

 

ПретходноВо недела ќе се одржи HalkEco Skopje Run 10К: Скопје повторно во тркачки ритам
СледноЃ. С. ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.693.307 ДЕНАРИ