Алкалоид ги освои бодовите против ГРК Тиквеш на гостински терен, откако славеше со 23-30. Избраниците на Кирил Лазаров победникот го решија во второто полувреме, во кое го зголемијата темпото кое беше доволно за освојување на целиот плен.
Кавадарчани го имаа водството во првите десет минути, 6-4, по што гостите со серија од 3-0 поведоа со 6-7 и од овој момент го наметнаа своето темпо. После 11-12 на одморот, Алкалоид почна да ја гради победничката разлика, на средината на овој период беше 18-22. Во продолжение момци на Лазаров не дозволија изненадување и рутински го приведоа дуелот во своја корист.
Лидер во редовите на победничкиот тим беше Борзаш со седум гола, еден помалку запиша Тордарсон, на голот одличен беше Николовски со 9 одбрани. На другата страна Стојановски и Михајловиќ имаа по 6 погодоци.










