„Шампањското“ се лади, Вардар на чекор до нова титула (ВИДЕО)

240

Екипата на Вардар е на само чекор од освојување на шампионската титула во овогодинешиот прволигашки шампионат. Денеска во рамките од 31. коло, „црвено – црните“ на свој терен го совладаа Силекс со 2:1, и на тој начин се само на бод од титулата на две кола до крајот.

Вардар има 77 бода, Шкендија 71, и на последните два меча на Вардар му е потребен само бод. Против Струга ТЛ односно Шкендија во последното коло.

Во меѓувреме, „Комити“ веќе пејат „шампионе, шампионе“, најавувајќи ја дванаесеттата титула на Вардар во самостојна Македонија, или пак тринаесеттата ако се смета и онаа освоената во екс Југославија.

ПретходноАпел пред завршницата на МФЛ: Без омраза и насилство, можност и за прекин на натпреварите
СледноАломеровиќ уште две години плус во Ута Арад