Тимот на Дрита повторно е шампион на Косово. Екипата која што ја води Зекирија Рамадан, а во која што играат Егзон Бејтулаи, Флорент Рамадани и Блертон Шеји, уште еднаш е број еден кај нашиот сосед.
Овој клуб одлично „гази“ во изминатиот период со нашите интернационалци во составот, а минатата година играше и во Конференциската лига.
Бејтулаи пак преку игрите во овој тим се врати во А националниот тим на Македонија, а за него ова е петта титула во кариерата. Покрај двете со Дрита, има освоено и три со тимот на Шкендија. Во своето портфолио има им Куп титули со Шкендија и Тетекс, како и Супер куп со Дрита.










