Мајорка и Виљареал ги поделија бодовите

11

Првиот дуел од денешната програма во Примера шпанскиот фудбалски шампионат, заврши со поделба на бодовите. Мајорка како домаќин одигра 1:1, со тимот на Виљареал во интересен и неизвесен дуел.

Перез го реализираше пеналот досуден во 31. минута со кој гостите поведоа со 0:1.

Сепак, на полувреме не заминаа со предност затоа што Ведат Муриќи израмнји на 1:1 уште пред полувремето.

Во вториот дел домаќинот токму преку Муриќи имаше две до три ситуации но истите не беа реализирани.

Виљареал сега има 69 бодови и по 35 кола е трет, додека пак Мајорка е тринаесетта со 39 поени на контото.

 

ПретходноДарио Ивановски со нов македонски рекорд на 10 км на HalkEco Skopje Run 10K: Скопје повторно трчаше во еден ритам
СледноДрита е шампион на Косово, слават Рамадан, Бејтулаи, Шеји, Рамадани….