Зечевиќ е четвртото засилување на ГРК Охрид за идната сезона

114
фото: ГРК Охрид - GRK Ohrid (FB)

Српскиот ракометен репрезентативец Никола Зечевиќ потпиша со ГРК Охрид и од следната сезона ќе го носи дресот на охриѓани. Тој е остане во Охрид најмалку до 2028. Станува збор за лев бек, има 24 години (200 cm) и ќе го носи дресот со бр. 31 од следната сезона.

Зечевиќ доаѓа од шампионот на Србија, РК Партизан каде што игра одлична улога и во двата правци и заслужено ја носеше капитенската лента во овој тим. Со своите одлични игри се наметнува во првите 16 за националниот тим на Србија каде што има повеќе репрезентативни настапи.

“Многу сум среќен и со нетрпение го очекувам мојот прв настап во дресот на Охрид. Не ми беше тешко да ја донесам оваа одлука и да ставам потпис со клубот, со оглед на големите амбиции на клубот кој расте од ден на ден на чело со тренерот Ројевиќ, кого го познавам долги години. Едвај чекам да заиграм пред охридската публика која прави неверојатна атмосфера и се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата на сите луѓе во клубот и секако на навивачите и убеден сум дека заедно ќе ги исполниме зацртаните цели.” – изјави Никола Зечевиќ.

ПретходноШпанските новинари со став: „Столе е клучот за спас на Валенсија, а Корберан го направи негативец!“
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ГОРДО ГО СЛАВИ НОВИОТ УСПЕХ НА БУЗАЛКОВСКИ