Средниот прст на Рафиња, анти-мадридскиот дрес на Јамал и букетот на Педри (ВИДЕО)

87
Фото: Принтскрин

Синоќешната парада на шампионатот на Барселона по повод освојувањето на титулата во Ла Лига беше исполнета со голем број куриозни моменти кои брзо добија популарност на социјалните мрежи.

Во едно од споделените видеа, Рафиња е прикажан како му покажува среден прст на навивач на Реал Мадрид кој го мавташе дресот на големиот ривал на Каталонците од својата тераса.

За возврат, друга ѕвезда на Барселона – Ламине Јамал, во еден момент покажа дрес на својот тим со следниот натпис: „Фала му на Бога што не сум Мадридист“. Шпанскиот интернационалец исто така го мавташе палестинското знаме, а потоа објави фотографија од себе со него на Инстаграм.

Во меѓувреме, Алехандро Балде позираше со голманот од двојникот на клубот Диего Коен во друг дрес, на кој пишуваше: „Ги сакам латино жените“.

Педри реши да направи љубезен гест кон својот соиграч Маркус Рашфорд, подарувајќи му букет рози во боите на клубот сино-црвено, придружен со бакнеж на раката.

 

ПретходноЛука Дончиќ ги разочара Словенците: Моите ќерки секогаш се на прво место