Готово е. Вардар е првак на Македонија за сезоната 2025/26. Со победата над Струга ТЛ во Струга, Вардар стави печат на својата 12-та титула во самостојна Македонија или вкупно 13-та.
По мечот секако дека имаше и славје кај фудбалерите на Вардар, на новиот шампион на Македонија. Вардар ја враќа титулата во своите витрини по цели шест години, од таа 2019/2020 сезона.
Ова значи дека во последното коло, мечот меѓу Вардар и Шкендија ќе биде ревијален зошто ништо не му значи на резултатски план, сега има +6 бода.
Ова за Гоце Седлоски, стратегот на Вардар е четврта титула во неговата кариера како тренер, трета со нашиот најтрофеен клуб а има и една со Шкупи. Па така може да се каже дека четвртина од титулите на Вардар се на Седлоски во самостојна Македонија, да не заборавиме дека има и две како директор на ФК Вардар, со што го прави еден од најтрофејните или најтрофеен во фудбалска Македонија кога станува збор за ПМФЛ.

















