Жиру пред трансфер во клуб кој до пред некој ден играше во третата турска лига?!

117
ФОТО:.facebook.com/ACMilan/

Славниот француски напаѓач би можел да направи шокантен трансфер. Имено Оливие Жиру ја заврши едногодишна епизода во Лил. На 39-годишна возраст, тој играше навистина добро во овој клуб, постигна 11 гола во 44 настапи, но соработката со него не беше продолжена.
Жиру е слободен играч од првиот ден од јули. Може да замине во нов клуб, кариерата може да ја продолжи во Турција, во Бурсаспор. Барем според медиумите во таа земја.
Првакот на Турција од 2010 година помина низ финансиски колапс во претходните години. Заврши во четвртата лига во турскиот фудбал, но брзо се врати во втората лига и следната сезона ќе атакува на пласман во елиотата. Раководството на клубот подготвува засилувања, а исто така го сака и искусниот француски напаѓач.
Интересно, преговорите веќе започнале. Жиру им ги кажал своите услови и сега турскиот клуб размислува. Сегашната понуда на Бурсаспор не е доволна. Се претпоставува дека 39-годишникот побарал плата од околу два милиони евра, која ја имал во Лил оваа сезона.

Но, првите луѓе на Бурсаспор не се откажуваат.

Претходно„Атлетик“: Јамал го пропушта првиот меч на Шпанија на СП, а веројатно и вториот!
СледноСевкупен победник на Купот на Македoнија е АК Куманово