Откако ја освои титулата за сезоната 2025/26, нашиот најтрофеен клуб ова лето ќе настапи во квалификациите во Лигата на Шампионите. Интересно е да се каже дека Вардар речиси по цела една деценија одново ќе игра во квалификациите на најсилното европско натпреварување.
Последен пат играше во таа 2017 година кога на крајот стигна и до групната фаза во Лигата на Европа.
Вардарци тоа лето во квалификациите во ЛШ, во тоа 2.квалификациско коло го елиминираа Малме, но во следната фаза беа елиминирани од Копенхаген. Сепак во историскиот двомеч со Фенербахче во плеј – офот во Лигата на Европа, двапати славеа и се пласираа во групната фаза во ЛЕ. Тоа беше историски успех, за првпат една наша екипа играше во оваа фаза во едно европско натпреварување.
Вардар и лани играше во Европа, но во квалификациите за ЛК, кога прво беше совладана Ла Фиорита од Сан Марино, за да во втората квалификациска рунда швајцарска Лозана беше подобра.
Кога сме кај можните ривали во 1.квалификациско коло во ЛШ,со оглед на тоа дека Вардар е во групата на неносители, на 16 јуни, за кога е закажана ждрепката, можни ривали се:
Шамрок (Р.Ирска), КуПС (Финска), Дрита (Косово), Линколон (Гибралтар), Борац Бања Лука (БиХ), Викингур (Исланд), Каират (Казахстан), Крајова (Романија), Рига (Летонија), Клаксвик (Ф.Острови), Флора Талин (Естонија), Ларне (С.Ирска), Петрокуб (Молдавија) и ТНС (Велс) или шампионот на Ерменија.










