„Атлетик“: Јамал го пропушта првиот меч на Шпанија на СП, а веројатно и вториот!

101
ФОТО: FC Barselona/X

По повредата на Фермин Лопез, уште една лоша вест за сите во таборот на селекцијата на Шпанија. Познато е дека Ламине Јамал е повреден, но се очекуваше сепак да заздрави до стартот на СП 2026.

Сепак рехабилитацијата на мега – ѕвездата на Барса, не оди според посакувањата.

Па така се очекува Ламине Јамал да го пропушти првиот меч на Шпанија на Светското првенство, бидејќи продолжува да се опоравува од повреда на тетивата, според „Атлетик“.

Јамал ќе биде надвор од игра за првиот натпревар од групата на Шпанија против Зелено р`тските острови на 15 јуни и во моментов е сериозно под знак прашалник за вториот натпревар против Саудиска Арабија на 21 јуни.

Извори од Кралската шпанска фудбалска федерација (RFEF) тврдат дека асоцијацијата е во контакт со Барселона и Јамал, а членови на медицинскиот персонал редовно ја посетуваат Барселона за да го следат неговиот напредок. Шпанецот се повреди во победата во Ла Лига над Селта Виго минатиот месец, по што го пропушти крајот на сезоната на клубот. Последниот натпревар од групата на „Ла Роха“ на Светското првенство е против Уругвај на 26 јуни.

ПретходноАК Олимп со историски успех на Купот на Македонија 2026
СледноЖиру пред трансфер во клуб кој до пред некој ден играше во третата турска лига?!