Вардар во сабота против Шкендија ќе го одигра својот последен меч во сезоната по кој ќе биде и крунисан во нов шампион.
Инаку овој меч нема да има никаков резултатско значење, а ќе биде и последен за стратегот Гоце Седлоски.
Па така на оваа средба нема да играат, поради повреди, Маневски кој има скршеница на стопалото, Велкоски проблеми со мускулот, и Талески. Од повреда и операција се врати Сековски.
Нема да играаат ни Фаустин на кого договорот му истече и тој вечерва си замина дома во Дакар, ниту Диего, кој исто си заминал.
Инаку познати се помошниците на новиот тренер на Вардар, Кристијан Фабиани.
Тоа се Ненад Мишковски, Филип Дурански, а останува само Матија Мирков. Фабијани ќе донесе и уште помошник од Аргентина.















