Вардар без Маневски, Талески, Велковски…против Шкендија! Познати се помошниците на новиот тренер

191

Вардар во сабота против Шкендија ќе го одигра својот последен меч во сезоната по кој ќе биде и крунисан во нов шампион.

Инаку овој меч нема да има никаков резултатско значење, а ќе биде и последен за стратегот Гоце Седлоски.

Па така на оваа средба нема да играат, поради повреди, Маневски кој има скршеница на стопалото, Велкоски проблеми со мускулот, и Талески. Од повреда и операција се врати Сековски.

Нема да играаат ни Фаустин на кого договорот му истече и тој вечерва си замина дома во Дакар, ниту Диего, кој исто си заминал.

Инаку познати се помошниците на новиот тренер на Вардар, Кристијан Фабиани.

Тоа се Ненад Мишковски, Филип Дурански, а останува само Матија Мирков. Фабијани ќе донесе и уште помошник од Аргентина.

ПретходноЧелзи победнички против Тотенхем