Омерагиќ: За случаи како Вардар има парични казни, селекторот Седлоски не пееше

694

Спорната прослава на титулата на екипата на ФК Вардар, и целата негативна конотација која што излезе од неа, доведе до тоа да со денови веќе се водат дебати, полекими, како на социјалните мрежи, така и на дебатните емисии на македонските телевизии.

Во моментов на програмата на ТВ Телма оди емисијата „Директно со Младен“, на Младен Чадиковски, на која гостин меѓу другите е претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ.

Тој отворено запрашан околу неговото мислење за спорната прослава на ФК Вардар, актуелниот шампион на Македонија, и срамната песна во која се спомнува македонската поп дива, Каролина Гочева, Омерагиќ отворено порача.

„ Ние како Федерација веднаш излеговме со соопштение во врска со инцидентот. Федерацијата дека не поддржува таква прослава против било кого, но мора да се напомене дека ние сме пред се одговорни за она што се случува на терен. Ова е приватна забава во приватен објект. Начинот на кој што е направено тоа секако дека е недозволив. Дисциплинскиот правилник на ФФМ по ваквите прашања предвивува парична казна. Поентата е дека ова не е инцидентно, ова е проблем кој што се проблекува со децениии…“ – вели Омерагиќ, па во еден здив продолжува.

„Моментот е што сега е појавено преку социјални мрежи. Сепак, мора да напоменам дека во изминатиот период откако сум јас претседател, имаме изречено неколку казни за вакво нешто. Суспензија на во теренот во Тетово затоа што не беше почитуван минута молк за жртвите во Кочани. Навивачите токму на Вардар беа одстранети во Струга поради скандирање. Казна имаше и за во Прилеп. Вардар играше без гледачи. Проблемот е подлабок. Ќе работиме за да ова некако се искорени затоа што со децении се провлекува како проблем“ – изјави Омерагиќ.

Потоа, на прашањето, какво е неговото мислење што сега веќе селекторот Гоце Седлоски е дел од видеото, како тренер на ФК Вардар, претседателот Омерагиќ вели:

„Разговарано е со Седлоски нормално. Лично ја погледнав снимката неколку пати. Седлоски не пее. Треба да се знае дека и самиот тој беше жртва, неговото семејство беше во прашање. Знам дека веќе има разговарано со играчите. Не е примерна песната, не е текстот во ред. Сите се согласуваме со тоа. Не можам да зборувам во име на Седлоски и дали тој ќе се извини, но овие два дена ќе има прес конференција и ќе го каже своето мислење“ – дециден е првиот човек на македонскиот фудбал.

 

ПретходноРистовски за Миленко: Човек во тие години ако не чувствува одговорност да се извини – проблемот е во него
СледноНов шок: Алкараз го пропушта и Вимблдон!