Астон Вила ја освои ЛЕ: Емери го донесе трофејот и во Бирмингем (ВИДЕО)

99

Фудбалерите на Астон Вила се нови освојувачи на трофејот во Лигата на Европа. Поранешниот европски шампион сега додаде трофеј во второто најважно европско натпреварување на своите витрини и докажа дека оваа е нивна сезона.

Астон Вила го победи германски Фрајбург со 3:0 во финалето одиграно во Истанбул на стадионот „Водафон“. Менаџерот на клубот од Бирмингем, Унаи Емери, продолжи да доминира во Лигата на Европа и го освои својот петти трофеј во натпреварувањето со трет различен тим, бидејќи пред Вила беше трипати победник со Севиља, а еднаш се искачи на тронот предводејќи го Виљареал.

Одлуката за освојувачот на трофејот се чини беше решена во пет-шест минути во завршницата на првото полувреме. Англискиот тим поведе во 41-та минута кога Морган Роџерс испрати центаршут од корнер, а Јури Тилеманс фати совршен волеј за да му донесе водство на тимот на Емери.

До крајот на првото полувреме, Емилијано Буендиа остана сам на работ од шеснаесетникот на Фрајбург и совршено го погоди далечниот агол од голот на Атуболу со левата нога за 2:0.

Екипата на Емери изведе ефикасна акција на левата страна, Буендиа центрираше во шеснаесетникот, а Роџерс ја испрати топката директно во мрежата во 58-та минута, што беше конечен крај на надежите на Германците.

ПретходноФФМ: Шкендија ќе биде најстрого казнета за она што се случи на Куп финалето вечерва
СледноСилекс покажа како треба: Пехарот оди во Кратово! (ФОТО)