Кузмановски оди на кратка авантура во Кувајт

624

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски ќе има кратка авантура. Според „arabtimesonline“ тој ќе игра во Кувајт, поточно за тимот на Кувајт Сити на Азиската Лига на шампиони за клубови, која годинава се игра во периодот 6-15 јуни.

На овој турнир ќе се појават голем број на ракометари кои настапуваат во домашниот шампионат, како Хориха, најавен е Мартин Серафимов во тимот на Данило Брестовац, Ал Араби, како и Ал Духаил каде тренер на голманите е Петар Мисовски, клуб кој е исто од Катар.

Кузмановски се уште го нема продолжено договорот со Пелистер каде е капитен и лидер на тимот. Од следната сезона добро е познато дека на клупата ќе биде искусниот стратег, Лино Червар.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА со поддршка за концертот на Бојана Скендеровски
СледноКуп финале 2026: Васоски и Беќири го посакуваат првиот трофеј!