Куп финале 2026: Историјат…од Вардар до Вардар!

112

Вечерва од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, ќе се одигра 33.финале во Купот на Македонија. Се среќаваат Силекс и Шкендија, два клуба, два тима кои и тоа како имаат квалитет во себе ова финале да го направат спектакуларно во играчка смисла.

Сите сме во очекување на мечот на годината, а тоа е финалето на Купот на Македонија, натпревар во кој за големиот пехар битка ќе водат, како што споменавме, Силекс и Шкендија.

Ова ќе биде 33. финале, тоа во 2020 не се одигра поради Ковид – кризата, а се започна во далечната 1993 година кога, тогаш на Градски, пред 20.000 и повеќе гледачи, Вардар со голот на Савов во 86.минута го победи Пелистер со 1:0 и се радуваше на првиот трофеј во Купот во самостојна Македонија. Следуваа 31 финални мечеви. Имаше спектакли како оној во 2004 година, кога Цементарница, во блескаво финале, по 4:4, победи на пенали.

Инаше и супер интересни завршници како во 2006 година кога Филип Ивановски со гол во последните секунди му ја донесе победата на составот на Македонија ЃП против Шкендија. Секако дека ќе го паметиме оној гол на Сашко Пандев во 2009 година за Работнички во 90.минута за израмнување на 1:1 против “лавовите“ кои тогаш беа предводени од Илчо Ѓорѓиоски, се спремаа за двојна круна, ама.

Не смее да се заборави она финале во Прилеп во 2000 кога Победа на свој терен беше поразена од Слога Ј со 0:6. Интересно, на последните осум финалиња, дури во пет наврати победникот бил решен на пенали.

Да кажеме дека лани по цели 18 години Вардар повторно играше во финале и успеа да победи против Струга ТЛ со 2:0.

Токму затоа велиме – од Вардар до Вардар.

СИТЕ ДОСЕГАШНИ ФИНАЛИЊА:

1993-Скопје: Вардар – Пелистер 1:0

1994-Скопје: Силекс – Пелистер 1:1 (3:1 П)

1995-Скопје: Вардар – Силекс 2:1

1996-Скопје: Слога Ј – Вардар 0:0 (5:3 П)

1997-Кавадарци: Силекс – Слога Ј 4:1

1998-Скопје: Вардар – Слога Ј 2:0

1999-Скопје: Вардар – Слога Ј 2:0

2000-Прилеп: Слога Ј – Победа 6:0

2001-Скопје: Пелистер – Слога Ј 2:1

2002-Струмица: Победа -Цементарница 3:1

2003-Скопје: Цементарница – Слога Ј 4:4 (3:2 П)

2004-Скопје: Слога Ј – Напредок 1:0

2005-Скопје: Башкими – Маџари 2:1

2006-Скопје: Македонија ЃП – Шкендија 3:2

2007-Скопје: Вардар – Победа 2:1

2008-Скопје: Работнички – Милано 2:0

2009-Скопје: Работнички – Македонија ЃП 1:1 (6:5)

2010-Скопје: Тетекс – Работнички 3:2

2011-Прилеп: Металург – Тетекс 2:0

2012-Штип: Ренова – Работнички 3:1

2013-Скопје: Тетекс – Шкендија 1:1 (6:5П)

2014-Скопје: Работнички – Металург 2:0

2015-Скопје: Работнички – Тетекс 2:1

2016-Скопје: Шкендија – Работнички 2:0

2017-Струмица: Пелистер – Шкендија 0:0 (4:3 П)

2018-Струмица: Шкендија – Пелистер 3:0

2019-Скопје: А.Пандев – Македонија ЃП 2:2 (4:3 П)

2020 – НЕ СЕ ОДИГРА ПОРАДИ КОВИД

2021-Скопје: Силекс – А. Пандев 0:0 (4:3 П)

2022-Скопје: Македонија ЃП – Силекс 0:0 (4:3 П)

2023-Скопје: Македонија ЃП – Струга ТЛ 1:1 (2:0 (П)

2024-Скопје: Тиквеш – Воска 2:1

2025-Скопје: Вардар – Струга ТЛ 2:0

2026-Скопје: ????

ПретходноВардар без Маневски, Талески, Велковски…против Шкендија! Познати се помошниците на новиот тренер
СледноВо Њујорк се случи еден од најголемите пресврти во НБА плеј-офот (ВИДЕО)