Полувреме на Арената: Силекс и Шкендија играат без голови, многу тактика, борба…

71

Силекс – Шкендија 0:0 е резултатот по првото полувреме од финалето на Купот на Македонија кое се игра вечерва на Арената во Скопје.

Многу тактика, многу борба, посебно на средината од теренот, но мрежите на Џеков и Гаје мируваа.

Силекс подобро го отвори мечот и првата закана ја испрати преку Алиќ, но голманот на Шкендија беше на своето место во таа 9.минута. Шкендија врати преку Ндзенгуе во 26.минут, но сега Џеков ја исфрли таа топка во корнер.

Се играше 45.минута кога малку, можеби милиметри недостигаа Красниќи поубаво да ја зафати топката и да донесе водство за тетовци.

Па така на пауза се замина со тие 0:0.

Куп на Македонија – финале

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 0:0 (0:0)

Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Игор Стојчевски (Скопје).

СИЛЕКС: Љ. Џеков, Ѓ.Џеков, Шуберт, Донов, Тимовски, Бутуровиќ, Анѓелески, Ефтимов, Донов, Додев, Пиреш, Алиќ.

Тренер: Александар Васоски.

ШКЕНДИЈА: Гаје, Ајети, Трумчи, Ислами, Фетаи, Алхасан, Зејнулаи, Красниќи, Тамба, Љатифи, Ндзенгуе.

Тренер: Јетон Беќири.

ПретходноРеванш со „камата“: Пелистер ги спушти на земја охриѓани
СледноХал бара да биде директно промовиран во Премиерлигата!