Елмас: Треба да се изградиме како тим пред септемвриските натпревари

78

Македонската репрезентација засилено се подготвува за двомечот со БиХ и Турција. Утре во Сараево се среќаваме со Босна, а во пресрет на мечот денеска на тренингот Елиф Елмас зборуваше за очекувањата од оваа пресметка.

“Најважно е да бидеме фокусирани на нас и на тоа што треба да го изградиме како репрезентација пред септемвриските натпревари. Нè очекуваат силни противници и мора максимално да се подготвиме. Секогаш позитивно ги пречекуваме новите играчи, наша задача е да им помогнеме побрзо да се вклопат и да создадеме добра атмосфера”, истакна нашиот репрезентативец.

Натпреварот со БиХ е утре во 20:30 часот.

Претходно„Чкембари“ со порака за Кузмановски: Фитиљ остани! (ВИДЕО)
СледноСинот на Анчелоти го презема Лил