Очекувајќи го настапот во Европа, екипата на Силекс, актуелниот освојувач на Купот на Македонија, веќе почна да го засилува својот ростер за следната сезона. „СпортСпорт“ дознава дека кратовци веќе договориле две нови засилувањa.
Првото доаѓа од Босна и Херцеговина во името на Нихад Шеро. Станува збор за фудбалер на екипата на Челик од Зеница, кој ќе биде засилување за десно-крилната позиција во тимот на Васоски. Шеро има 27 години и главно настапувал во домашното првенство, освен една сезона која ја има минато и во екипата на Билиш во Албанија.
Второто засилување за Силекс доаѓа од Србија од екипата на Напредак. Станува збор за Никола Богдановски, кој е роден во Македонија но долго време живее и игра во Србија. Тој има 27 години и е поливалентно крило. Богдановски е некогашен младински репрезентативец на Македонија, затоа што има настапи за селекциите до 21 и до 19 години.














