ЛК 2.квалификациско коло: Лесно за Шкендија, тешко за Силекс, и Вардар го дозна евентуалниот ривал!

276
ФОТО: KF Shkëndija/FB

Попладнево во Нион се одржа жрепката за 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Од вчера знаеме дека Шкендија во тоа стартно коло се среќава со Европа (Гибралтар) а Силекс со Динамо Минск (Белорусија). Овие мечеви се играат на 9 и 16 јули.

Во случај да ја минат првата пречка, тогаш нашите два претставника во Лигата на Конференции ќе играат во втората квалификациска рунда, а таму ги чекаат следните противници.

Шкендија, би се сретнала со Браво од Словенија. Тим кој не смее да се потцени, но треба да се мине

Силекс би играл со Нефчи од Азербејџа, секако тоа е тежок противник, но не и непобедлив. Сепак Шкендија и Силекс мора прво да ја минат првата пречка за да играат против овие рвали во втората рунда.

Овие двомечи се закажани за 23 и 30 јули.

И Вардар го доби својот можен ривал. Имено ако шампионот успее да биде подобар од двомечот со КуПС во 1.квалификациско коло во ЛШ, тогаш ќе игра во втората рунда во ова натпреварување.

Во случај пак на елиминација во ЛШ, Вардар се сели во ЛК а за ривал во втората рунда ќе го има поразениот состав од двомечот од ЛШ меѓу Арарат (Ерменија) и Рига (Летонија).

ПретходноМакедонија без пораз до четвртфинале на Европското првенство во баскет 3х3
СледноКратовци гостуваат во Бугарија: Динамо Минск – Силекс се игра во Стара Загора!