Листа на стрелци по првиот круг: Меси, Меси, Меси…

55
ФОТО:facebook.com/AFASeleccionEN/

Денеска стартува вториот круг на СП 2026 од групната фаза. Генерално се гледа добар фудбал, имаше и две големи изненадувања на мечевите Шпанија – Зеленортска Острови 0:0 и Португалија – Конго 1:1. Некои од фаворитите си ја покажаа силата како Германија, Англија, Франција, секако Аргентина…

Кога сме кај головите може да бидеме задоволни, со оглед на тоа дека се игра отворен фудбал има и доста голови. Што се однесува до листата на стрелците тука со 3 голови, со хет-трикот против Алжир, доминира Лео Меси, капитенот на Аргентина.

По два гола постигнаа и Кејн, Мбапе, Халанд, Хаверц…

Ова се играчите кои веројатно ќе водат битка за најдобар стрелец на Мундијалот.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

3-Меси (Аргентина)

2-Ајари (Шведска), Балогун (САД), Халанд (Норвешка), Хаверц (Германија), Џуст (Нов Зеланд), Кејн (Англија), Мбапе (Франција).

ПретходноОфицијално: Вардар – КуПС на 7 јули од 19 часот на Арената во Скопје!
СледноОтворена изложбата „Where Mediterranean Waves Unite – XX Mediterranean Games Taranto 2026“ во организација на МОК и италијанската амбасада