Бојан Димоски е најновото засилување на Шкендија

467
Фото: Шкендијаа

Шкендија потпиша договор со левиот бек Бојан Димоски, кој е најновото засилување на тимот во овој преоден рок.

По успешното поминување на медицинските прегледи, 24-годишникот потпиша двегодишен договор со клубот и веднаш отпатува за Словенија за да се придружи на групата во подготвителната фаза. Се очекува тој да му биде достапен на тренерот Артим Положани денес, на пријателскиот натпревар против Копер од 18:30 часот.

Бојан Димовски е разновиден играч во одбранбениот сектор. Иако неговата природна позиција е лев бек, тој успешно ги покрива и другите позиции како десен бек, дефанзивен играч од средниот ред и крило, во зависност од тактичката поставеност на тимот. И покрај неговата млада возраст, Димовски носи значително меѓународно искуство, вклучувајќи 21 настап за репрезентацијата на Македонија.

Во Македонија, пред да се пресели во странство, тој играше за АП Брера, додека подоцна ја продолжи кариерата во рускиот фудбал во Акрон Т., од каде што играше на позајмица во Србија во Партизан Белград и ФК Бачка Топола.

„Со своите квалитети и разноврсност, се очекува Димовски да биде одлична додадена вредност за црвено-црната формација во предизвиците што го очекуваат тимот на домашната и меѓународната сцена.

Сите ние во КФ Шкендија му посакуваме добредојде на Бојан Димовски во црвено-црното семејство и многу успех со дресот на Шкендија“, порачаа од таборот на Шкендија. 

ПретходноМакедонија ги доби противниците во квалификациите за СП
СледноКоне најмалку 5 месеци надвор од терените