Одличен почеток на женската селекција У17 на турнирот во Букурешт

77
фото: mkd.basketball

Женската селекција на Македонија за кошаркарки „Под 17“ години имаше успешен старт на „Rising Stars“ турнирот во Букурешт. Во првиот меч на собирот во главниот град на Романија, Македонија убедливо ја совлада соодветната селекција на Молдавија со 95:27.

Нашите млади кошаркарки доминираа од првата до последната минута на првиот меч од собирот во Букурешт.

Ја најавија убедливата победа уште во првите десет минути од игртаа, оние во кои Македонија се стекна со високо водство (24:5). А веќе до полувреметоо прендоста на оваа наша репрезентативна селекција беше уште повисока (46:18).

Во ист ритам продолжи избраниот тим на селекторот Виктор Петровски и по паузата. Практично, ја „повторија“ првата четвртина нашите кошаркарки во третиот период, кој го решија во своја корист со (29:5), за потврда на првиот успех на турнирот. Пет кошаркарки на Македонија го завршија премиерниот дуел со двоцифрен број на поени. По 17 реализираа Колева, гриеваи Карајованова, 12 даде Пислевска, а 10 додаде Трајковска.

Утре, од 16.часот, по локално време, женската селекција на Македонија „Под 17“ години ќе игра против репрезентацијата на Грција.

ПретходноВикторија Спасовска: Во таеквондо местото се заслужува со труд, дисциплина и одговорност, а не според полот
СледноТиквеш направи длабок „рез“: 11 фудбалери заминуваат од Кавадарци