Кавадаречкиот прволигаш Тиквеш денеска со официјално соопштени потврди дека се разделува дури со 11 фудбалери од минатогодишниот ростер. Тоа најавува сериозен „рез“ во тимот, кој минатата сезона не успеа да ги исполни поставените цели.
Од Управниот одбор на Тиквеш објавија дека клубот го напуштаат и дел од најискусните, како Даниел Мојсов, а со него и Никола Најдовски, Кристијан Ѓорѓиевски, Кристијан Стојкоски, Мартин Стојанов, Берат Садик, Стефан Тасев, Ваља Терзиќ, Мартин Тодоров, Милован Петровиќ и Данаил Тасев.
Тимот доби ново раководство, па сега останува да се види како ќе изгледа ростерот на кавадарчани за новата сезона.















