Шкендија спогодбено ја раскина соработката со Ајети

71

Шкендија објави дека Нуман Ајети повеќе нема да биде дел од црвено-црниот дрес.

„Левиот бек и клубот одлучија дека е вистинско време да се разделат. Клубот ја ценеше желбата на играчот да бара нова средина, каде што ќе му биде загарантиран повеќе простор за играње и продолжување на развојот на својата кариера.

Му се заблагодаруваме на Нуман за неговиот придонес, професионализам и посветеност покажани во црвено-црниот дрес, посакувајќи му многу успех и се најдобро во продолжението на неговата кариера“, се вели во соопштението на тетовскиот тим. 

ПретходноКаков потег на Реал: Го откупи Нико Паз за 9 милиони евра, па за 60 милиони повторно му го продаде на Комо!
СледноВо Брегалница исплатени сите долгови, се чека на новиот газда