Струга ТЛ загуби од Динамо Сити во Охрид

140

Тимот на Струга ТЛ во рамките од подготовките летово денеска го одигра првиот пријателски меч во серијата закажани контроли.

Истиот се одигра на стадионот Билјанини извори против тимот на Динамо Сити од Албанија, а Струга ТЛ загуби со 2:3.

Стандардно како и на секој пријателски меч, и на овој двата тима испробаа доста играчи. Се започна со еден состав, за да до крајот шанса добијат речиси сите присутни фудбалери.

 

ПретходноВардар одигра 1:1 на контролата против Ла Фиорита
СледноШкендија минимално поразена од Целје