Екипата на Шкендија во рамките од подготовките во Словенија, попладнево загуби од тамошниот лигаш Целје со конечни 1:0.
Стрелец на единствениот гол на овој меч беше Суховрсник во 80. минута од мечот, откако првиот дел заврши без голови.
Ова беше воедно и трет пријателски меч за Шкендија на подготовките во Словенија.
Претходно, Шкендија загуби од Хајдук со 0:4, а на првиот дуел беше забележана победа од 2:1, против екипата на Копер.
Последниот, четврти дуел е закажан против украинскиот тим Зорја.















