Екипата на Силекс го заврши престојот во Охрид, и се пресели во Скопје. Кратовци како што е добро познато се подготвуваат за настап во квалификациите за Лигата на Конференции, и двомечот со белорускиот претставник Динамо Минск.
Силекс нема да патува во Белорусија, затоа што УЕФА не дозволува меѓународни мечеви во оваа земја, туку дуелот се игра на неутреален терен во Бугарија, во Стара Загора на 9 јули.
Во меѓувреме, Силекс активно се подготвува за овој дуел и веќе ја договори и „генералката“. Истата ќе се случи на 2 јули и тоа во Скопје, против силниот тим на косовски Балкани.
Од таборот на Силекс додаваат дека сеуште не е дефинирана само сатницата за мечот, односно дали истиот ќе стартува од 17:30 или пак евентуално ќе се игра вечерен термин под рефлектори.















