Силекс се засили на левата бековска позиција

150

Силекс продолжи со градење на тимот за новата сезона во ПМФЛ, но и европската авантура.

Најново име од таборот на кратовци е Марио Ричков, кој доаѓа од Македонија ЃП.

22-годишниот фудбалер настапува на левата бековка позиција во одбраната, зад себе има настапи за Вардар, Шкупи и Македонија ЃП во домашното првенство, како и настапи за младата репрезентација на Македонија.

ПретходноШкендија го донесе Криезиу од Балкани како најплатен фудбалер во ПМФЛ
СледноСтатистиката, а и струката вели, Канада заслужено оди понатаму