Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа денеска го имаше својот премиерен сингл настап на еден Гренд Слем турнир. Таа настапи во првото коло на Вимблдон, неофицијалното светско тениско првенство. Не успеа да ја совлада фаворитката Анисимова од која загуби со 2:0 по сетови.
„Дури и ако не сакам да слушам пред мечот, тоа е насекаде. Во моментов нема многу работи што се случуваат дома, па ова беше навистина голема работа за сите нив. [Добив] многу пораки за поддршка што ми значат сè на светот. Играњето на овој голем терен со многу публика беше навистина неверојатно. Тоа е еден од најдобрите – ако не и најдобриот – турнир, па затоа е навистина доживотно искуство. Исто така, да се игра против Аманда (Анисимова), финалистка и неверојатна тенисерка, тоа е навистина остварување на сон, изјави Ѓорческа за официјалниот сајт на Вимблдон“ – изјави Ѓорческа.
Со пласманот во првото коло како тенисерка што ги минала квалификациите Ѓорческа ќе освои 40 поени со што при следното рангирање (по завршување на Вимблдон) ќе треба да направи скок на ВТА ранг-листата и да се најде околу 200.то место.










