„Фараоните“ во историско осминафинале: Египет на пенали ја елиминираше Австралија (ВИДЕО)

66

Египетската фудбалска репрезентација се пласираше во осминафиналето на Светското првенство откако вечерва во Далас ја победи Австралија по подобро изведување на пенали. Откако во регуларниот дел мечот заврши нерешено 1:1, а по продолженијата немаше промени, Египет успеа по подобро изведување на ударите од белата точка да слави со 4:2.

Египет испиша историја со пласманот во осминафиналето, па сега ќе го чека победникот од натпреварот меѓу Аргентина и Зелено’ртски Острови, како свој ривал во следната рунда.

Египет прв постигна гол, поведувајќи со 1-0 во 13-тата минута преку Ашур. Хафез центаршутираше од десно, а Ашур беше непречен пред Бич и рутински го совлада со глава.

Во 55-тата минута, Австралија го израмни резултатот на 1:1. О’Нил центаршутираше од левата страна, а Хани ја смести топката во сопствената мрежа за 1:1.

Во пенал-серијата Саутар веднаш промаши во првата серија за Австралија, додека Сабер беше сигурен за водство на Египет од 1-0 во изведувањето на пенали. Во втората серија, Ирвин и Рабија постигнаа голови, а во третата, Мабил постигна гол за Австралија, а Салах изведе маестрална „паненка“ и го одржа Египет во водство (3:2). Потоа Херингтон промаши за Австралија, а на Египет му беше потребен само еден гол за победа, и го постигна. Прецизен беше Абделмагуид за голема радост на Африканците.

ПретходноПадна рекордот по бројот на автоголови на едно СП!
СледноШкендија Арачиново се пофали и со Миле Тодоров! (ВИДЕО)