Полувреме: Нова магија на Меси! (ВИДЕО)

54
ФОТО:facebook.com/AFASeleccionEN/

Аргентина – Зеленортски Острови 1:0 по првото полувреме од 1/16 финаниот меч кој се игра во Мајами. Нова магија на Лео Меси за водство на светскиот првак и тоа во 29.минута кога прекрасно го искористи додавањето на Лисандро Мартинез, а потоа следуваше сигурна реализација за 1:0.

Се чини дека “Гаучосите“ не играат ни со половина од својата сила, сепак против себе ја има една селекција од типот на З.Острови. Меси имаше уште две шанси за уште некој гол, а во 45.минута Енцо Фернандез и тоа како се закани.

Овој меч за Меси е 30-тиот на мундијалите, овој гол е негов седми на тековниот Мундијал и 20-ти во кариерата на светските првенства.

Победникот од овој натпревар во 1/8 финалето се среќава со Египет.

ПретходноСе чека само официјална потврда: ФИФА го менува терминот за мечот Мексико – Англија!
СледноДали на повидок е најголемата сензација во историјата?! Аргентина и З.Острови ќе играат продолженија!(ВИДЕО)