Вардар го пушти Куестас на позајмица во Црна Гора

641
Фото: ФК Вардар

На два дена до дуелот со КуПС во квалификациите од Лигата на шампионите од Вардар почнуваат да се ослободуваат од непотребните. Дури и аргентинскиот тренер Кристијан Фабиани неуспеа да му даде шанса на далеку фалениот Мануел Куестас. Овој играч од одбраната ќе оди на позајмица во Црна Гора и тоа во екипата на Језеро и таму ќе си ја бара среќата. Дојде како големо засилување од Аргентина (без никаква историја), во Вардар и беше најавен како фудбалер за продавање но ете ќе мора сега да се докажува во Језеро и да чека нова прилика за кам-бек во Вардар.

Куестас кој за целиот овој период одигра само 7 минути кога беше на позајмица во Брера од Струмица.

Непотребен во Вардар е и Ибраим Оласебакијан од Нигерија кој не беше на подготовките во Италија поради немање на виза а сега има шанси да оди на позајмица во ФК Скопје, додека голманот Или Зибери ќе брани за ФК Тетекс.

ПретходноСкандал на екс-тренерите на Црвена Звезда: Обрадовиќ го нападнал Сфаиропулос
СледноСелекторот на Парагвај: Моите рани се отворени – крварам