На два дена до дуелот со КуПС во квалификациите од Лигата на шампионите од Вардар почнуваат да се ослободуваат од непотребните. Дури и аргентинскиот тренер Кристијан Фабиани неуспеа да му даде шанса на далеку фалениот Мануел Куестас. Овој играч од одбраната ќе оди на позајмица во Црна Гора и тоа во екипата на Језеро и таму ќе си ја бара среќата. Дојде како големо засилување од Аргентина (без никаква историја), во Вардар и беше најавен како фудбалер за продавање но ете ќе мора сега да се докажува во Језеро и да чека нова прилика за кам-бек во Вардар.
Куестас кој за целиот овој период одигра само 7 минути кога беше на позајмица во Брера од Струмица.
Многу е лошо што ова е еден вид на удар за „аргентинската заедница“ во Вардар која треба да ја смени комплетрната ДНК на клубот а во пресрет на она што сите го очекуваме а тоа се настапите на евро-сцената во која „црвено-црните“ влегуваат амбициозно и со план и стратегија а тоа е пласман во групната фаза од Конференциската лига. Нешто што е остварливо и за очекување со оглед на тоа дека нашиот првак има скап тим, тим кој на пример ја прегази Шкендија во минатата сезона а тое е клубот кој со тој птрегазен тим од Вардар направи историски потег во натпреварувањата на УЕФА.
Непотребен во Вардар е и Ибраим Оласебакијан од Нигерија кој не беше на подготовките во Италија поради немање на виза а сега има шанси да оди на позајмица во ФК Скопје, додека голманот Или Зибери ќе брани за ФК Тетекс.
Вардар во вторник од 19 часот во Скопје игра со финскиот првак КуПС во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Натпревар кој мора да се победи доколку се сака остварување на целта и пласман во следната фаза од ова најсилно натпреварување на УЕФА.















