Христов „удри“ по битолчаните! Не му требаат Ивановски, Спировски, Ристевски…

711
ФОТО: FC Pelister Bitola/FB

Долго се очекуваше „метлата“ во ФК Пелистер од Битола по очајната и мизерна сезона на „Зелените“ кои во годината со најголем буџет стигнаа до најголемата брука по која клубот го загуби прволигашкиот статус. Во игрите на „големи и мали“, секогаш вината е кај оние на кои е најлесно да се удри па така новите промени во Пелистер носат и нови проблеми.

Ден по назначувањето на Димитар Митревски за прв човек на клубот следеше и назначувањето на Борче Христов за нов тренер на клубот. Нешто за кое се знаеше уште пред Митревски да ја добие довербата од локалната власт која е сопственик и главен финансиер на клубот. Од утре клубот почнува во новата мисија, а тоа е враќањето во елитата, а пред да се почне со тренинзите се прави и рез во екипата. Странците по автоматизам се ослободени од обрските, а викендов билет во еден правец за до дома добија искусниот стопер Александар Ристевски – Егри и капитенот и голгетер Мирко Ивановски.

Се зборува дека од „старите“ од клубот заминува и Стефан Спировски кој се враќа на Кипар каде веќе има нов клуб од второлигашкото друштво на таа земја. Доволно е искусен, паметен и зрел играч како Стефан Спировски кој би останал во ваквите турбулентни моменти во матичниот клуб каде одамна не знаат да ги ценат вредностите и минатиот труд на поедини. Но, има време… време кое дава одговор на сите одлуки, потези и резултат на сработеното.

Она што е најтрагично и за кое гласно се говори е начинот на кој играчите добиваат „шут карта“ од клубот но тоа е посебна приказна која е веќе видена и слушната, а ете ја сега и во ФК Пелистер од Битола. Најважно е тоа што буџетот е осигуран и нема зима за клубот кој одби понуда да биде продаден на сериозен инвеститор од Америка само за да на платниот список останат „фантомските“ лица кои со години го уништуваат клубот. За потсетување! Се споменува цифра од 1,5 милиони евра кои лани се потрошени во ФК Пелистер Битола, клуб кој со такви финансии не успеа да опстане во елитата.

Познат стручниот штаб на Борче Христов

Трајче Стројковски ќе му биде асистент на Борче Христов и на клупата во Пелистер со оглед на тоа дека истиот стратег му помагаше и додека тој беше ангажиран како шеф во Тиквеш и Работнички (неславно минаа).

Втор асистент ќе биде Горан Ганчев кој со години работи во младинската школа на „Зелените“ додека на местото од Горан Пашовски нов тренер на голманите е Илче Петровски.

 

ПретходноСтруга ТЛ има нов напаѓач од Франција
СледноИвановски е број еден на Macedonian Open 2026 (ФОТОГАЛЕРИЈА)